Светски специјалист специјалист


KG Greenhouses е компанија која е позната насекаде во светот како специјалист во областа на изведба на оранжерии по принципот клуч на рака. Ние сме експерти во изградба на оранжерии и инсталирање на сите производствени техологии во современиот начин на оранжериско производство и бизнис. Почнувајки од автоматизација до скрининг, од различни системи за наводнување до системи од маси за одгледување, делокругот на нашето делување постојано се зголемува.

Основата на нашето работење лежи во технологијата. Благодарение на нашиот иновативен пристап обемот на нашите услуги стана се поголем и поголем.

KG Systems

Во врска со прашања за оранжерии од различни видови и големини клиентите можат да го контактираат нашето седиште кое се наоѓа во Bergschenhoek. При дизајнирањето на истите ги земаме во предвид: локалните временски услови, културата која ќе се одгледува како и опремата koja e соодветна за бараното производство.

KG Greenhouses ги знае сите важни насоки почнувајќи од советување и планирање до извршување. Нашиот тим има практичен пристап и го зборува јазикот ,, на хортикултура ,, кој е цврсто вкоренет и користен во фамилијарниот бизнис. Нашите вработените се свесни за потребите и знаат дека барањата во модерниот начин на хортикултурно производство константно се зголемуваат.

KG Greenhouses


Хортикултурата ни е во крвта

Хортикултурата ни е во крвта веќе 100 години. Се започна со нашиот прадедо, кој веќе беше градинар во стаклена градина.


Четири децении искуство во оранжериското производство

Kees Greeve е основач на нашата компанија и неговите иницијали се наоѓаат во самото име на компанијата. Тогаш тој специјализира во демонтирање/расклопување на оранжерии. Бизнисот тогаш се развива брзо благодарение на ,, острото око ,, на Kees Greeve за внесување на новини во оранжериското производство.

Денес KG Greenhouses е компанија со единствено место на пазарот. Она што не прави различни од другите е ширoкиот спектар на активности и услуги, како и блиска поврзаност помеѓу различните етапи во изградбата на оранжерии почнувајќи од демонтирање, изградба, греење, сите технички системи како и висечкиот систем за одгледување и системите на маси за одгледување. Сите составни елементи можат да се испорачаат посебно во зависност од потребите, но и како проект клуч на рака вклучувајќи ги сите технички системи. Досега имаме реализирано огромен број на проекти во околу 35 земји ширум светот.


Fam-Greeve


HortiCentar во Македонија формиран како иницијатива на KG Greenhouses

KG Greenhouses ја знае важноста за проширување оранжериската технологија и иновации ширум светот, како и практичен тренинг и примена на нови технологии за идните вработени и работодавачи.
Mede om deze reden initieerde en financierde KG Greenhouses in samenwerking met Balkan Greenhouse in Macedonië een tuinbouw informatie centrum in Macedonië.


Учење преку работа

Во состав на HortiCentar Македонија има модерна оранжерија со најсовремена технологија за производство. Претставува место каде што производителите, учениците, студентите можат да учат и да се усовршуваат. Центарот е поделен на три департмани.
‘’ Learning by doing” – учење преку практична примена е основно мото по кое се води HortiCentar. Преку обучување на учесниците за најновите технологии од областа на наводнувањето, греење, контрола на климата, HortiCentar овозможува вработените да стекнат добра едукација која ке им помогне понатаму.

За да дознаете повеќе ова посетете ја интернет страната на HortiCentar.



Horticentar 2
One moment please...