Логистика

На секоја професионална компанија и е потребна ефикасна логистика. . KG Greenhouses овозможува ширум светот оптимална логистика за целиот производствен дел во оранжеријата.
Нашиот тим на специјалисти од самиот почеток на дизајнирање на новата оранжерија ќе ја земе во предвид внатрешната организација на просторот со што ке овозможи целосно вклопување во планот на компанијата и рационално искористување на просторот.

Нашите специјалисти ќе ви дадат совети за последните технологии и кој систем е најдобар во вашата ситуација. Може да биде целосно автоматски транспортен систем со AGVs, или колички кои се управуваат мануелно по шините односно на цевките за греење. За секоја компанија има соодветно решение кое е нај-соодветно за дадената ситуација.

Дали сакате да ги извршувате операциите кај растенијата побрзо? Можеме да ве советуваме која машина е најдобра за вас. Или пак сакате да го автоматизирате системот за берба до транспорт?

Секоја промена може да има влијание внатре во логистиката на производството. KG Greenhouses може да обезбеди одлични совети во проширување или подобрување на постоечките системи..


Нашиот асортиман на производи вклучува:

  • Колички кои се движат по цевките за греење
  • Колички за берба
  • Колички и машини за прскање
  • Електрични машини за влечење
  • AGV системи
  • Системи за чистење и ротација на културите

Благодарение на нашето широко знаење и искуство во оранжериската хортикултура можеме да ве снабдиме скоро со се што може да се користи во овој сектор.




Логистика

Логистика

Логистика
One moment please...